Адвокат М-р Петар Митев - Кочани

Iustitia erga does religio, erga parentes pietas, creditis in rebus fides nominatur. – Правдата во однос на боговите се нарекува ВЕРА, ( РЕЛИГИЈА), во однос на родителите ПОЧИТУВАЊЕ, a во деловните односи ИСКРЕНОСТ.

Кои сме ние

Адвокатска канцеларија Адвокат Петар Митев Кочани

Адвокатската канцеларија на адвокат М-р Петар Митев од Кочани е реномирана адвокатска канцеларија, која се занимава со повеќе области, а истата е специјализирана за надомест на сите видови на материјални и нематеријални штети, настанати од сообраќајни незгоди, повреди на работа, имотни штети, штети од земјоделско осигурување, и остварување на права од сите видови на договори - полиси за осигурување, застапување на обвинети во кривична постапка и сл,

ОБЛАСТИ НА РАБОТА

Адвокатската канцеларија на Адвокат М-р Петар Митев ги пружа следните услуги: 1. Изготвување на сите видови на договори 2.Облигационо право 3. Сопственост - имотно право 4.Кривично право ( Изготвување на сите видови на кривично правни акти, редовни и вонредни правни лекови). 5. Надомест на штета ( остварување на сите видови на материјална и нематеријална штета, во вонсудска и судска фаза, како и на сите видови на права од осигурување). 6. Парнична постапка ( застапување на суд и изготвување на сите видови на акти - тужби, поднесоци, како и сите видови на редовни и вонредни правни лекови). 7. Остварување на права од работен однос. 8. Оставинска постапка 9. Семејно право 10.Овластен регистрационен агент при Централен регистер на РМ, ( регистрација и статусни промени на сите видови на трговски друштва)

Адвокати

Адвокат М-р Петар Митев од Кочани. Петар Митев е роден 09.08.1983 година во Кочани. Дипломира на Правниот Факултет Јустинијан Први во СКопје во 2006 година, во 2009 година положува правосуден испит, а во 2016 година го одбранува својот магистерски труд на тема " Сообраќајни казнени дела компаративни и практични аспекти" со што се стекнува со титула магистер по кривично право и криминологија. Своето работно искуство најпрвин го практицира во реномирани адвокатски канцеларии во Скопје за да потоа со долгогодишно работење на одговорни позиции во осигурителниот сектор ( во осигурителни друштва во СКопје), во делот на обработка, проценка, и ликвидација на штети и нивно застапување пред суд се стекне со огромно искуство во овој дел. Петар Митев е со долгогодишно работно искуство во делот на судско застапување на сите видови на спорови, како и пред сите други надлежни државни органи, изготвување на сите видови на договори, и сл. Истиот е магистер по кривично право и криминологија, а потесна специјалност му е сите видови на надомест на штета како материјална, така и нематеријална штета, настанати како резултат на здобиени повреди од сообраќајни незгоди, повреди на работа, изгубена заработка и сл. Со своето долгогодишно искуство во работењето на осигурителниот сектор како и во адвокатурата, практицирана низ секојдневна вонсудско решавање на сите видови на штети, како и нивно судско застапување,има акумулирано огромно искуство, кое сега го пренесува и на свите клинети во остварувањето на нивните права како во вонсудска постапка, така и за застапување на суд.